Ставање во употреба

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на вртење (5) од двете страни се до крај во позиција .

Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на вртење (5) од двете страни се до крај во позиција .

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.

LED светилката (10) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

  • Прекинувач за избор на брзина (11) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
  • Прекинувачот за избор на брзини секогаш вртете го докрај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Брзина 1:

Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење.

Брзина 2:

Висок опсег на вртежи; за брза работа со помали дијаметри на дупчење.

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

Активирањето на брзото исклучување е означено со бело трепкање на контролната LED-сијаличка за KickBack Control (4) и трепкање на работното светло (10) на електричниот алат.

За повторно ставање во употреба на електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување / исклучување и одново притиснете го.

  • Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.

Осигурете се дека светлото за предупредување не е видливо од сите насоки. Доколку има јака светлина од сонцето, светлото за предупредување тешко може да се препознае.

  • Куката треба да се користи за закачување на електричниот алат и за додатоците за монтажа.
  • За да избегнете оштетување или повреди, уредот за закачување не смее да биде поставен над тротоарите или во непосредна близина на работни места.

Со куките (12) може да го закачите електричниот алат на пр. на греда.

Завртката за кука мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 2,0–2,5 Nm.

Куката може да се монтира на двете страни на електричниот алат.