Ставање во употреба

Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот.

Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (7) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно во рачката.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна на електричниот алат во правец кон предната страна на алатот. Прекинувачот за правец на вртење (5)на десната страна на електричниот алат автоматски се поместува наназад.

Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна на електричниот алат наназад (т. е. обратно од предната страна на алатот). Прекинувачот за правец на вртење (5)десната страна на електричниот алат автоматски се поместува нанапред.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и држете го притиснат.

LED-светилката свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на местото на завртување/одвртување при неповолни светлосни услови.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (12) притиснете го копчето за фиксирање (6).

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и потоа отпуштете го.

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (12).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

За завртување завртки ставете ја завртката на битот за завртување (1). Завртката се држи со помош на магнет на универзалниот држач на битови (14). Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна на електричниот алат во правец кон предната страна на алатот. Вклучете го електричниот алат и притиснете го врвот на завртката силно кон делот што се обработува. Завртката се завртува до достигнување на поставената длабочина на завртување во делот што се обработува. Граничник за длабочина што се повлекува (4) го допира делот што се обработува и погонот се исклучува; универзалниот држач за битови (14) веќе не се врти. Проверете ја длабочината на завртување и ев. подесете го граничникот за длабочина што се повлекува (4).

Со чаурата за подесување (3)може да се избере длабочината на завртување на главата на одвртувачот во делот што се обработува.

Свртете ја чаурата за подесување (3) во позиција на вашата сакана длабочина на завртување. Бројот на скалата (видлив на работ на чаурата за подесување (3)) може да се користи како појдовна точка за вашата сакана длабочина на завртување.

Вртењето на чаурата за подесување (3) во правец на стрелките на часовникот резултира со поголема длабочина на завртување, а вртењето во правец спротивен на стрелките на часовникот со помала длабочина на завртување. Со завртување на чаурата за подесување (3) преку позицијата MAX таа целосно се отстранува од чаурата за затворање краеви (2).

Најдобро ќе подесите доколку направите пробно завртување.

Кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување PowerSAVE (9), за да го активирате режимот PowerSAVE. LED-приказот PowerSAVE (11) светнува. Потоа кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и блокирајте го со притискање на копчето за фиксирање (6). Моторот останува деактивиран/исклучен, дури и ако прекинувачот за вклучување/исклучување (12) се притисне. Сега малку притиснете го електричниот алат кон делот што се обработува, за да го активирате моторот.

Ако електричниот алат не се користи 30 минути, LED-приказот PowerSAVE се гаси (11). За повторно да го активирате режимот PowerSAVE, ослободете го заклучувањето со кратко притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12). Потоа повторно притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и заклучете го со копчето за фиксирање (6). LED-приказот PowerSAVE (11) повторно светнува.

За олабавување завртки насочете ги стрелките на чаурата за подесување (3) и на погонското куќиште на електричниот алат едни кон други. Повлечете ја чаурата за подесување (3) наназад, додека нема веќе меѓупростор на погонското куќиште и не слушнете да се вклопи. Битот за завртување (1) сега јасно се гледа. Електричниот алат е подготвен да олабавува или одвртува завртки.

Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна на електричниот алат наназад (т. е. обратно од предната страна на алатот). Прекинувачот за правец на вртење (5)десната страна на електричниот алат автоматски се поместува нанапред. Вклучете го електричниот алат.

Напомена: олабавувањето завртки може да се направи со целосно вадење на граничникот за длабочина што се повлекува (4).

Граничникот за длабочина што се повлекува (4) не може да се повлече ако чаурата за подесување (3) се наоѓа во или над позицијата MAX.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата се намалува бројот на вртежи. Дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата, електричниот алат повторно работи со полн број на вртежи.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.