Промена на алат (види слика A)
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Извлечете го граничникот за длабочина (4) од електричниот алат. Извадете го битот за завртување (1). По потреба може да го извадите и универзалниот држач за битови (14) и да го замените. Доколку е потребно, користете клешти.
По успешната замена на алатот, повторно вметнете го граничникот за длабочина (4).