Совети при работењето
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворите осцилаторниот заштитен капак.
- Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (26).
- Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.
Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Максимални делови за обработка [mm]
Форма на делот што се обработува | Агол на закосување (хоризонтален) | |
---|---|---|
0° | 45° | |
Ø 127 | Ø 115 | |
127 x 127 | 115 x 115 | |
194 x 101 | 115 x 115 | |
127 x 127 | 115 x 115 |
Минимални делови за обработка
(= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со лостот за фиксирање (8)): должина 100 mm
Макс. длабочина на резот (0°/0°): 127 mm
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Сечилото за пила (29) може да се блокира поради прав, струготини или скршени делови на делот што се обработува во отворот на масата за сечење (13).
- Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
- Извадете ја батеријата (22).
- Извлечете ја фиоката со струготини (21) и целосно испразнете ја.