Подготовка за работа
Хоризонталниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°.
Важните вредности за поставување може да се прочитаат од скалата (31). Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот граничник.
- Олабавете ја затегнувачката рачка (15) 1x во правец спротивен на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете го – свртете во насока на стрелките на часовникот – спуштете го – ослободете го спротивно од стрелките на часовникот) додека да може да се заврти аголниот граничник (14).
- Вртете го аголниот граничник (14) додека ознаката на масата за пила (13) не го означи саканиот хоризонтален агол на закосување на скалата (31).
- Прицврстете ја затегнувачката рачка (15) 1x во насока на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете ја – свртете ја спротивно од насоката на стрелките на часовникот – спуштете ја – прицврстете ја во насока на стрелките на часовникот), додека аголниот граничник (14) да се фиксира повторно.
Можете да го поместувате аголниот граничник (14) за да ја поставите оптималната положба на делот што се обработува со пила.
- Олабавете ја затегнувачката рачка (15) 1x во правец спротивен на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете ја – свртете ја во насока на стрелките на часовникот – спуштете ја – ослободете ја спротивно од стрелките на часовникот) додека да може да се помести аголниот граничник (14).
- Поместете го аголниот граничник (14) на саканото растојание од сечилото на пилата (29).
Напомена: за засеци од 45°, мора да го поставите аголниот граничник така да покажува на оваа област за обележување.
- Прицврстете ја затегнувачката рачка (15) 1x во насока на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете ја – свртете ја спротивно од насоката на стрелките на часовникот – спуштете ја – прицврстете ја во насока на стрелките на часовникот), додека аголниот граничник (14) да се фиксира повторно.
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка. Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат.
Долгите и тешки делови за обработка мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Следете ги напомените за затегнување на сликата G.
Тркалезни делови за обработка (види слика E)
- Отстранете ја стегата на цевката (20) од држачот на задниот дел од електричниот алат.
Стегата на цевката ја зголемува површината за стегање на тркалезните делови за обработка. - Лизгајте ја стегата на цевката (20) на плочата на лостот за фиксирање колку што може докрај (8).
- Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник (14).
- Лостот за фиксирање (8) со стегата за цевка (20) ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното (10).
Квадратни делови за обработка (види слика F)
- Ако треба, лизгајте ја стегата на цевката (20) на плочата на лостот за фиксирање (8).
Види слика G (напомени за затегнување ⃟). - Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник (14).
- Лостот за фиксирање (8) ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното (10).