Замена на сечилото за пила (види слики B1–B3)
- Активирајте ја блокадата на вретеното (4) само доколку вретеното на алатот е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5) наназад и задржете го во оваа позиција.
- Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (27) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (11) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното (4), додека не се вклопи.
- Држете ја притисната блокадата на вретеното (4) и одвртете ја завртката (27) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Извадете ја стезната прирабница (28).
- Извадете го сечилото за пила (29).
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Ставете го новото сечило за пила (29) на внатрешната стезна прирабница (30).
- При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот поклопец!
- Поставете ги стезната прирабница (28) и завртката (27). Притиснете ја блокадата на вретеното (4) додека не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на стрелките на часовникот.
- Повторно олабавете ја блокадата на вретеното (4). По потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
- Полека навалете го надолу осцилаторниот заштитен капак (5) додека сечилото за пила целосно не се покрие.