Фиксна или флексибилна монтажа

  • Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (12).

GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.

  • Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
  • Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување.
  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Монтирајте ги соодветните адаптери на масата за пила одоздола (13).
    Следете ги деталните упатства за монтажа на адаптерите.
  • Прицврстете ги адаптерите на држачите на работната маса.

Доколку, во поединечни случаи, не е возможно електричниот алат да се монтира цврсто на работна површина, може да ги монтирате ногарките на масата за сечење (13) на соодветна подлога (на пр. работна клупа, рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.