Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
---|---|
Ласерски зрак | |
Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. | |
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. | |
Носете заштитни очила. | |
Носете маска за заштита од прав. | |
Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови. Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на ознаката. Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“. | |
За да го фиксирате ласерскиот граничник, дејствувајте на затегнувачката рачка со завртување неколку пати додека не застане во насока на стрелките на часовникот. За да го ослободите ласерскиот граничник, дејствувајте на затегнувачката рачка со завртување неколку пати додека не застане во спротивна насока од стрелките на часовникот. |