Сечење

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.

Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора секогаш да има правилен раб за позиционирање.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

  • Не застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
  • Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
  • Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на алатот.

  • Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
  • По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување.
  • Вклучете го електричниот алат.
  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (1).
  • Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
  • Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.