Одржување и чистење

Чувајте го електричниот алат сув. Избришете ги нечистотиите со влажна крпа.

Електричниот алат складирајте и транспортирајте го само во XL‑BOXX.

За да се овозможи безбедна работа на електричниот алат што е можно подолго, алатот мора да се сервисира по најмногу 20000 циклуси на работа или по 4 години. Кога ќе се надминат 20000 циклуси на работа, приказот за статус (7) свети фиксно жолто.

Однесете го електричниот алат во овластен Bosch сервисен центар.

Напомена: ако не се придржувате до интервалот за одржување, гаранцијата прекинува да важи.