Подготовка за притискање и процес на притискање
- Вметнете ја батеријата во електричниот алат директно пред да започнете со процесот на притискање. Постои опасност од повреда ако случајно се притисне копчето за вклучување/исклучување (13) на пр. при подготовка за притискање.
- Никогаш не ракувајте со електричниот алат без вметнат дел за притискање. Инаку електричниот алат може да се оштети.
- За да спречите прегревање на електричниот алат, не користете го постојано подолго од 15 минути. Електричниот алат не е дизајниран за континуирано работење.
Подготовка за притискање:
- Погрижете се местото за работа да биде доволно осветлено.
- Може да ја ротирате главата за притискање (3), за да ја усогласите со местото за работа.
- Отворете ја главата за притискање (3) со притискање на рачката за отпуштање (1). Поставете ја главата за притискање под прав агол на прицврстувачот што треба да се притисне. Погрижете се да нема страни тела меѓу вметокот за притискање и прицврстувачот.
- Затворете ја главата за притискање (3), така што рачката за отпуштање (1) да се вклопи звучно.
Процес на притискање:
- Поставете ја батеријата во електричниот алат.
- За вклучување и започнување на процесот на притискање, притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување (13). Работното светло (11) се пали.
- Откако ќе се достигне максималната сила на притискање, спојната шипка (5) се повлекува со вметокот за притискање и моторот се исклучува автоматски. Отпуштете го копчето за вклучување/исклучување (13). Работното светло се исклучува автоматски по околу 10 s.
Рачно завршување на процесот на притискање:
- За предвремено завршување на процесот на притискање, отпуштете го копчето за вклучување/исклучување (13) за време на процесот на притискање. Процесот на притискање сопира.
- Ако процесот на притискање се сопре предвремено или спојната шипка (5) не се повлече автоматски на крајот од процесот на притискање, притиснете го копчето за ресетирање (6). Притиснете и задржете го копчето за ресетирање додека спојната шипка не се врати на почетната позиција.
Извадете ја батеријата од електричниот алат. Потоа отворете ја главата за притискање (3) со притискање на рачката за отпуштање (1) и извлечете го електричниот алат од прицврстувачот.
Ако приказот за статус (7) светне во зелена боја на крајот од процесот на притискање, тоа значи дека е достигната максималната сила на притискање. Ако приказот за статус светне во црвена боја, проверете го пресувањето и ако треба повторете го процесот на притискање.