Процес на сечење
- Вметнете ја батеријата во електричниот алат директно пред да започнете со процесот на сечење. Постои опасност од повредно ако случајно се притисне копчето за вклучување (10) на пр. при подготовка за сечење.
- За да спречите прегревање на електричниот алат, не користете го постојано подолго од 15 минути.
Погрижете се сечилата (1) да бидат чисти и без визуелни дефекти.
Процес на сечење:
- Поставете ја батеријата во електричниот алат.
- За вклучување и започнување на процесот на сечење, притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување (10). Работното светло (8) се пали.
- Откако електричниот алат ќе открие дека сечењето е успешно завршено, сечилото (1) се отвора и моторот се исклучува автоматски. Отпуштете го копчето за вклучување/исклучување (10). Работното светло се исклучува автоматски по околу 10 s.
Рачно завршување на процесот на сечење:
- За предвремено завршување на процесот на сечење, отпуштете го копчето за вклучување/исклучување (10) за време на процесот на сечење. Сечилото (1) сопира.
- Ако процесот на сечење се сопре предвремено или сечилата (1) не се отворат автоматски, притиснете го копчето за ресетирање (3). Притиснете и задржете го копчето за ресетирање додека сечилата да се отворат целосно.
Извадете ја батеријата од електричниот алат.
Ако статусот за приказ (4) свети зелено на крајот од процесот на сечење, тоа значи дека сечењето е успешно завршно.