Одржување и чистење
- Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Чувајте го електричниот алат сув. Избришете ги нечистотиите со влажна крпа.
Електричниот алат складирајте и транспортирајте го само во XL‑BOXX.
За да се овозможи безбедна работа на електричниот алат што е можно подолго, алатот мора да се сервисира по најмногу 20000 циклуси на работа или по 4 години. Кога ќе се надминат 20000 циклуси на работа, приказот за статус (4) свети фиксно жолто.
Однесете го електричниот алат во овластен Bosch сервисен центар.
Напомена: ако не се придржувате до интервалот за одржување, гаранцијата прекинува да важи.
Не острете ги сечилата (1) сами, туку однесете го алатот во овластен Bosch сервисен центар .