Совети при работењето
Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на пр. корунд, со ист довод на вода. Внимавајте на тоа, на острицата да не се појави боја на отпуштање; ова ја оштетува цврстината на алатите за длетување.
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1050 °C (светло црвена до жолта).
За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на 320 °C (боја на жарење светло сина).

За подобра контрола и прецизно поставување, електричниот алат започнува со мал број на вртежи и потоа се зголемува до поставениот број на вртежи.
Електронската контрола на брзината се вклучува автоматски кога длетото ќе дојде во контакт со работната површина за време на употребата.
Брзината се намалува со временско задоцнување кога длетото се отстранува од работната површина.