Безбедносни напомени за дувалката
- Не дувајте материјали штетни по здравјето, на пр. прав од буково или дабово дрво, камен, азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
 
- Не дувајте течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
 
- Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња од производот.
 
- За време на работата држете ги прстите подалеку од отворите на електричниот апарат. Користете ја дувалката само со приклучена млазница. Ротирачката дувалка може да Ве повреди.
 
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
 
- Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Тие може да се повредат.
 
Носете дополнителна заштитна опрема како заштитни очила и заштитна маска за дишење. Со носењето на заштитна опрема за соодветните работни услови се намалува изложеноста на опасни супстанци.
- При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
 
- Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
 
- Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
 
- Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 
  | Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.  | 
