Совети при работењето

Држачот на рендето при паузирање (23) овозможува запирање на електричниот алат веднаш по работниот процес без опасност од оштетување на делот што се обработува или секачот на рендето. За време на работниот процес, држачот на рендето при паузирање (23) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на рендето се отпушта (9).

Напомена: Држачот на рендето при паузирање (23) не смее да се демонтира.

Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подлогата од рендето (9).

При позиционирање на рендето на делот што се обработува, притискајте само однапред и не навалувајте го рендето наназад. Во спротивно, може да се оштети делот се обработува. Кога ќе дојдете до крајот на делот што се што обработува, придвижете ја тежината кон задниот дел за рендето да не се преврти напред и да го оштети делот што се обработува. Најдобро е да испробате на примероци.

  • Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.

Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате.

За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето.

При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максималната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање.

Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувачот на струготини.

Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат.

Вградениот држач на рендето при паузирање (23) овозможува продолжување на процесот на рендање откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се обработува:

  • Електричниот алат со надолу притиснат држач на рендето при паузирање, поставете го на другото место од делот што треба да продолжи да се обработува.
  • Вклучете го електричниот алат.
  • Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и полека турнете го електричниот алат нанапред (➊). Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се притисне нагоре (➋), така што задниот дел на подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што се обработува.
  • Водете го електричниот алат со иста брзина по површината што се обработува (➌).

V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Употребете го соодветниот V‑жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должина на делот што се обработува.

Употребен жлеб

димензија a (mm)

нема

0–2,5

мала

1,5–4,0

средна

2,0–4,5

голема

3,0–5,5

Монтирајте го паралелниот граничник (16) со завртката за прицврстување (18) на електричниот алат. Во зависност од примената, монтирајте го граничникот за подесување на длабочината на засекот (22) (опрема) со завртката за прицврстување (21) на електричниот алат.

Олабавете ја завртката за прицврстување (17) и подесете ја саканата ширина на засекот. Повторно затегнете ја завртката за прицврстување (17).

Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со граничникот за подесување на длабочината на засекот (22).

Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го рендето со страничен притисок со налегнување.

За ракување со десна рака, паралелниот граничник (16) треба да се монтира на левата страна од електричниот алат. За ракување со лева рака, паралелниот граничник (16) треба да се монтира на десната страна од електричниот алат.

Напомена: За порабување, паралелниот граничник (16) треба да се монтира на левата страна од електричниот алат.