Замена на сечилото на рендето

Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за ренде.

Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи, секачот на рендето (15) мора да се замени. HM/TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.

Демонтирање на секачот на рендето (види слика B)

За вртење или менување на ножот на рендето (15) свртете ја главата на ножот (12) на погонскиот ремен (27), додека не дојде паралелно со подлогата на рендето (9).

Олабавете ги двете завртки за прицврстување (14) со клуч со внатрешна шестаголна глава (11), околу 1–2 вртења. Клучот со внатрешна шестаголна глава (11) потребен за замена на сечилата на рендето е сместен во внатрешноста на електричниот алат и секогаш треба да се чува таму (види слика A).

Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент (13) со лесно удирање со соодветен алат, на пр. дрвен клин.

Со дрвено парче турнете го странично секачот на рендето (15) од главата на секачот (12).

Монтирање на сечилото на рендето (види слика C)

Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење.

Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во затезниот елемент (13) и секачот на рендето (15).

Внимавајте при монтажата на сечилото на рендето, тој беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на затезниот елемент (13) и да се центрира рамно на страничниот раб од задната подлога на рендето (9). На крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување (14) со клуч со внатрешна шестаголна глава (11).

Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали се добро вметнати завртките за прицврстување (14). Свртете ја главата на сечилото (12) на погонскиот ремен (27) со рака и проверете дали сечилото на рендето не допира до ништо.

Напомена: Во фиоката (26) може да се остават најмногу две резервни сечила (15) (види слика J).