Полнење на USB-надворешни уреди (види слика D)

Со помош на USB-приклучокот на батерискиот адаптер може да го продолжите времетраењето на батеријата на различните USB-уреди што користат батерии на пр. мобилни телефони или MP3-плеер. Ова исто така функционира и за време на загревањето на облеката.

Поврзете го кабелот за полнење на Вашиот уред со USB-конекторот (11) на батерискиот адаптер (2).

Притискајте околу 3 секунди на копчето за активирање  (12). Приклучениот USB-уред ќе се наполни.

За да се заштеди енергија, по 2 часа USB-приклучокот автоматски се деактивира. Доколку не е приклучен кабел за полнење, по 30 секунди USB-приклучокот автоматски се деактивира.