Проверка и подесување на основните поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
- Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Свртете ја масата за пила (18) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика T1)
- Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (18).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (47).
Подесување (види слика T2)
- Олабавете го затезниот лост (7).
- Навалете го граничникот (42) целосно навнатре.
- Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (65) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
- Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
- Повторно затегнете го затезниот лост (7).
- Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (65).
Доколку агломерот (41) и (5) по подесувањето не е во линија со 0°-ознаките на скалата (4), олабавете ги завртките за подесување на агломерот со крстест одвртувач и израмнете го агломерот по должина на 0°-ознаките.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (18) до жлебот (25) за 0°. Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
- Извадете ја левата подеслива гранична водилка (2).
- Свртете го левиот граничник (3) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
- Олабавете го затезниот лост (7).
- Навалете ја рачката на алатот на дршката (12) налево додека завртката-граничник (66) не налегне на граничникот (3).
Проверка (види слика U1)
- Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за пила (18).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (47).
Подесување (види слика U2)
- Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (66) со обичен прстенест или вилушкаст клуч (10 mm).
- Завртете ја завртката-граничник (66) навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
- Повторно затегнете го затезниот лост (7).
- Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничник (66).
Ако агломерот (41) и (5) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (4), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за сечење (18) до жлебот (25) за 0°. Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
- Извадете ја десната подеслива гранична водилка (2).
- Навалете го граничникот (42) целосно нанадвор
- Свртете го десниот граничник (3) додека стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со стрелка.
- Олабавете го затезниот лост (7).
- Навалете ја рачката на алатот на дршката (12) налево, додека завртката-граничник (67) не налегне на граничникот (3).
Проверка (види слика V1)
- Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за пила (18).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (47).
Подесување (види слика V2)
- Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (67) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
- Завртете ја завртката-граничник (67) навнатре или нанадвор додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила.
- Повторно затегнете го затезниот лост (7).
- Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (67).
Ако агломерот (41) и (5) по подесувањето не е во една линија со 45°-ознаките на скалата (4), проверете ја уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (18) до жлебот (25) за 0°. Рачката (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика W1)
- Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка (1) и сечилото за пила (47) на масата за пила (18).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (47).
Подесување (види слика W2)
- Олабавете ги сите четири завртки за подесување (68) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (37) и свртете ја масата за пила (18) заедно со скалата (26), додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата должина на сечилото за пила.
- Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (24) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (26), олабавете ја завртката (69) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.