Ставање во употреба

  • За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (31) и држете го притиснат.

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (31) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Само со притискање на лостот за блокада (13), рачката на алатот може да се води надолу.

  • За сечење, дополнително кон активирањето на прекинувачот за вклучување/исклучување (31) мора да го притиснете лостот за блокада (13).

  • За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (31).

Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16‑A.

Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба.