Совети при работењето

Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

  • Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (32).
  • Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка помеѓу двете ласерски линии.

Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на сечење е точно прикажана Подесување на ласерот. Ласерските зраци може да се поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосување

Вертикален агол на закосување

Висина x ширина [mm]

89 x 320
100 x 250A)
60 x 350

45°

89 x 226B)

45° (лево)

50 x 320

45° (десно)

30 x 320

45°

45° (лево)

50 x 226

45°

45° (десно)

30 x 226

A)

со вертикален дистанцер-граничник (53) (види слика O)

B)

со хоризонтален дистанцер-граничник (54) (види слика O)

Минимални делови за обработка ( = сите делови за обработка, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега (38) лево или десно од сечилото за пила):
100 mm x 100 mm (должина x ширина)

Максимална длабочина на резот (0°/0°):

  • 89 mm
  • 100 mm (со вертикален дистанцер-граничник (53))

Максимална ширина на резот (0°/0°):

  • 320 mm
  • 350 mm (со хоризонтален дистанцер-граничник (54))

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.

  • Навалете го граничникот за длабочина (40) кон напред.
  • Притиснете на рачката за блокирање (13) и рачката на алатот навалете ја посакуваната позиција.
  • Свртете ја завртката за подесување (39), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина (40).
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

За едноставно сечење на исти делови можете да го користите граничникот за должина (55) (опрема).

Граничникот за должина можете да го монтирате на двете страни на продолжетокот на масата за пила (27).

  • Олабавете ја завртката за блокирање (56) и преклопете го граничникот за должина (55) над завртката за затегање (57).
  • Повторно затегнете ја завртката за блокирање (56).
  • Поставете го продолжетокот на масата за пила (27) на саканата должина.

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила.

Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Црвените плочи за вметнување (19) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.

Заменете ја дефектната плоча за вметнување.

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
  • Одвртете ги завртките (58) со клуч со внатрешна шестаголна глава (6 mm) (37) и извадете ги старите плочи за вметнување.
  • Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
  • Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките (58) што е можно по десно, така што по целата должина на можното повлекување на сечилото за пила нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
  • Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева плоча за вметнување.