Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач (9) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
- Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (12), за да го ослободи транспортниот осигурувач (9).
- Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (9).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
- Олабавете ја завртката за фиксирање (6), ако го заглавува механизмот за влечење (36). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
- Завртете ја завртката за подесување (39) сосема нагоре.
- За фиксирање на масата за сечење (18) затегнете го копчето за фиксирање (21).
- Притиснете го лостот за блокада (13) и рачката на алатот водете ја полека надолу со дршката (12).
- Водете ја рачката на алатот надолу додека транспортниот осигурувач (9) целосно не се притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.