Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
|---|---|
| Класа 1 |
| Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. |
| Носете маска за заштита од прав. |
| Носете заштитни очила. |
| Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. |
| Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. |
| Табелата го прикажува препорачаниот степен на број на вртежи во зависност од материјалот што се обработува: алуминиум, пластика, дрво. |
| При сечење на вертикални агли на закосување подесливите гранични водилки мора да се повлечат сосема нанадвор одн. целосно да се отстранат. |
3 601 M19 2..
3 601 M19 2B.
| Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката. |
| Го покажува правецот на вртење на SDS-болцната за прицврстување на сечилото за пила (во правец спротивен на стрелките на часовникот) и за ослободување на сечилото за пила (во правец на стрелките на часовникот). |
| Затегнувачкиот лост е затворен: Затегнувачкиот лост е отворен: |











