Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење | |
|---|---|
| Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. |
| Носете заштитни очила. |
| Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. |
| Носете маска за заштита од прав. |
3 601 M30 403
3 601 M30 443
| Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката. |
| a Дијаметарот на сечилото за пила треба максимално да изнесува 254 mm. b Дебелината на клинот за разделување изнесува 2,3 mm. c Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да се совпаѓа со правецот на стрелката на клинот за разделување. d При менување на сечилото за пила внимавајте ширината на резот да не е помала од 2,4 mm и дебелината на основното сечило да не е поголема од 2,2 mm. Инаку постои опасност, клинот за разделување да се заглави во делот што се обработува. |
| Дебелината на клинот за разделување изнесува 2,3 mm. Максималната можна висина на делот што се обработува изнесува 79 mm. |
| Го покажува правецот на вртење на курблата за спуштање (транспортна позиција) и подигање (работна позиција) на сечилото за пилата. |
| Ја прикажува позицијата на лостот за блокада при фиксирање на листот за пилата и при поставување на вертикалниот агол на закосување (подеслив лист за пилата). |
| Правец на вртење на завртката со нарецкана глава за фиксирање/олабавување на аголниот граничник на масата за извлекување. |
| По потреба намастете го електричниот алат на означените места. |
| Електричните алати од заштитната класа II се зајакнати и двојно изолирани. |
| Со CE-ознаката производителот потврдува дека електричниот алат е во согласност со важечките ЕU-директиви. |













